Дома Фудбал Италија Сега и официјално: Милан и Интер ќе градат нов стадион

Сега и официјално: Милан и Интер ќе градат нов стадион

0

Милан и Интер денес и официјално потврдија дека ќе започнат изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа, пренесуваат италијанските медуми.

Проектот денес беше претставен до советот на општината во Милано, па наскоро се очекува да стартува изградбата на стадионот, но и мултифунционален комплекс веднаш до стадионот.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2024 година.

Новиот стадион ќе биде со капацитет од околу 65.000 места и ќе започне да се гради веднаш до „Сан Сиро“, кој потоа треба да биде срушен и на негово место да биде изграден мултифунционален комплекс.

Двата клуба потврдија дека целиот проект ќе ги чини 1,2 милијарди евра, а со тоа ќе се добијат нови работни места за 3.500 луѓе.

Новиот стадион во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус и Тотенхем понудија спектакл: Кејн со феноменален гол го засени дебито на Де Лихт (видео)

Јувентус и Тотенхем одиграа спектакуларен меч во Сингапур кој на крајот го добија „спарси“…