Дома Топ вести Сега е јасно: ОВОЈ тренер е наследникот на Зидан!

Сега е јасно: ОВОЈ тренер е наследникот на Зидан!

Проблемите во Реал Мадрид се натрупуваат, па во овој момент изгледа дека „кралевите“ нема да можат да ја стопат разликата со Барселона, ниту да ги надминат проблемите во соблекувалната.

Се погласно се шпекулира дека Зидан на крајот на сезоната ќе добие отказ, особено ако не успее да ги одбрани трофеите во Примера и Лигата на шампиони.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Веќе подолго време медиумите лецитираат со неколку имиња, но првиот пик на раководството е италијанскиот тренер, Антонио Конте.

Во Реал веруваат дека тој е вистински избор бидејќи умее да наметне челична дисциплина, авторитетен е, а и знае да се справи со играчите кои создаваат проблеми.

Конте има долг договор со Челзи, но не е задоволен на „Стенфорд Бриџ“ и е во расправија со управата, па најверојатно на крајот на сезоната спогодбено ќе го раскине договорот.

За него интерес покажува и Милан, кој денес му врачи отказ на Монтела, но јасно е дека прв избор за Конте ќе биде Реал Мадрид, кој ќе биде третиот Италијанец на клупата на „кралевите“ после Капело и Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…