Дома Трансфер зона Сега е јасно – Еве каде Раиола сака да го види Донарума!

Сега е јасно – Еве каде Раиола сака да го види Донарума!

Младиот италијански голман одби да го продолжи договорот со Милан и сега му се заканува преседување цела сезона на трибините.

Јасно е огромно влијание на одлуката на Донарума има супер агентот Мино Раиола.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Кандидати за потписот на Донраума има, но веројатно во Милан ќе сакаат да му се одмаздат со тоа што ќе го остават цела сезона без фудбал.

Италијанските медиуми пренесуваат дека и покрај тоа Раиола веќе ги повлекува првите потези и на Донарума му понудил клуб со кој често соработува, Манчестер Јунајтед.

За сега не е јасно што се договориле Раиола и Јунајтед, но сигурно дека англискиот гигант би сакал да ја искористи оваа “златна прилика“.

Да потсетиме, Раиола и Манчестер Јунајтед минатото лето успешно соработуваа. Во клубот пристигнаа Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба, двајца фудбалери кои се застапувани од страна на Раиола.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…