Дома Фудбал Останато Сега е јасно: Ванда ја откри судбината на Мауро Икарди во Интер

Сега е јасно: Ванда ја откри судбината на Мауро Икарди во Интер

wanda

Ванда Нара, Мауро Икарди и Бепе Марота изминатава недела одржале состанок за конечно да ја решат дилемата околу потпишување или не потпишување на нов договор помеѓу Аргентинецот и Интер.

Тоа бил еден пријателски состанок, кој за цел имал да се најде решение кое ќе им одговара и на нив и на Икарди, соопштија од Интер. Аргентинецот поради тоа е смирен, а изгледа дека до крајот договорот сепак ќе биде потпишан.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Натпреварот овој викенд го гледавме од дома. Не сакам да зборувам сега за да не се сфати нешто погрешно, но би сакала Мауро да остане во Интер. Навивам за Интер и се надевам дека ситуацијата ќе се реши што побрзо. Мауро сака да остане овде и тоа ќе го почитуваме“, изјави Ванда.

Икарди претходно преку адвокат им пренел на управата на Интер дека сака да има „јасна рехабилитација на неговиот имиџ“ и да се откријат причините поради што му беше одземена капитенската лента. Меѓутоа, долго време се шпекулира дека управата на Интер одлучила да му ја одземе капитенската лента, бидејќи верува дека тој постигнал договор со Јувентус околу наводен трансфер на лето.

Во меѓувреме Икарди се уште е надвор од тимот поради наводна повреда и тешко дека ќе се врати на терените за престојното миланко дерби.

„Тоа не измислица, Икарди навистина има болки во коленото веќе подолго време. Но сега здравјето му е на прво место кога веќе не е толку важен за тимот“, откри Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…