Дома Топ вести СЕГА Е КРАЈ: Рамос го напушта Реал Мадрид, пристигна понуда која тешко ќе може да ја одбие!

СЕГА Е КРАЈ: Рамос го напушта Реал Мадрид, пристигна понуда која тешко ќе може да ја одбие!

Капитенот на Реал, Серхио Рамос речиси сигурно на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Одличниот стопер одамна не се согласува со претседателот Флорентино Перез, а причината која ја „скрши чашата“ е можното враќање на Жозе Мурињо. Шпанскиот репрезентативец поради тоа сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а во игра за неговиот трансфер се појави Милан. Гигантот од Италија сака да го засили тимот, особено доколку избори пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Меѓутоа, „Росонерите“ добија неочекувана конкуренција, која многу тешко ќе успее да ја совлада. Имено, според пишувањето на италијанските медиуми, Јувентус подготвил огромна понуда за Рамос и Реал Мадрид за да го доведе одличниот стопер во своите редови следното лето.

Со оглед дека најистакнат кандидат за клупата на Реал повторно е Жозе Мурињо со кого Рамос не е во добри односи, веројатноста за реализација на овој трансфер дополнително се зголеми. Се разбира, не треба ниту да се спомене колку би значело влијанието на Роналдо доколку има некакви дилеми околу самите преговори.

Серхио Рамос по испаѓањето од Ајакс во Лигата на Шампионите, наводно, им викал на соиграчите, а паднале и тешки зборови кон претседателот Перез, така да по доведувањето на Роналдо и веројатно и договорениот Марсело, „Старата дама“ многу лесно би можела да доведе уште едно големо име во соблекувалната.

Така, во Торино би имало собир на големи ѕвезди од Реал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Интер спрема понуда за Салах

Мохамед Салах ја игра последната сезона на „Енфилд“.и следното лето ќе си замине како слоб…