Изминатите денови медиумите пишуваа дека Шиме Врсаљко е блиску до трансфер во Интер, а сега конечно двата клуба постигнаа договор.
Имено, „Скај Италија“ потврди дека Интер и Атлетико постигнале договор за Хрватот. „Нероаѕурите“ ќе платат 6,5 милиони евра за едногодишна позајмица, а следното лето ќе можат да го откупат неговиот договор за додатни 17,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Врсаљко се очекува утре да пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот.
За Врсаљко ова ќе биде враќање во Италија каде претходно настапуваше за Џенова и Сасуоло, а Спалети конечно ќе го добие посакуваното засилување.
#UltimOra #Calciomercato‼
✅ #Inter, accordo per #Vrsaljko dell’Atletico Madrid
? Prestito a 6,5 milioni con diritto di riscatto a 17,5#SkyCalciomercato #SkySport pic.twitter.com/SuHdTpxz4h— Sky Sport (@SkySport) July 30, 2018