Фудбалската репрезентација на Македонија денеска отпатува за Хрватска, каде на 3.јуни во Ријека ќе одигра пријателски натпревар против „коцкестите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред заминување, среќа на македонската репрезентација им посака хрватската музичка звезда Северина.
Популарната Севе за спомен доби дрес од македонската репрезентација и фотографија со целата наша експедиција.
Александар Трајковски и Столе Димитриевски на Северина и подарија два дреса на кои ги има нејзиното име и името на синот Александар.
