Дома Луд Спорт Светски шампион во џиу џицу застрелан во ноќен клуб

Светски шампион во џиу џицу застрелан во ноќен клуб

Леандро Ло, повеќекратен светски шампион во бразилско џиу џицу, беше убиен со истрел во главата во Сао Паоло. Tој бил убиен од полицаецот Енрике Отавио Велосо кој не бил на должност.

Леандро бил на концерт во Сао Паоло и според сведоците, влегол во конфликт со Велосо, кој извал пиштол и го застрелал.

Бразилецот бил пренесен во болница, но неколку часа подоцна била констатирана смрт.

Леандро Ло е еден од најуспешните борци во бразилско џиу-џицу на сите времиња со осум освоени титули светски шампионати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Фудбалери ќе загинеа при прослава на титула🎥

Фудбалерите на Белграно станаа  шампиони на Втората лига на Аргентина и со тоа изборија пр…