Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска на митингот во Белград го собори светскиот рекорд во скок со стап.




Дуплантис прескокна височина од 6,19 метри и со тоа го надмина сопствениот рекорд, најдобар на сите времиња. Тоа го направи во третата серија со помош на поддршката од публиката во белградската „Старк арена“.




Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Швеѓанецот има само 22 години, во кариерата освои олимписко злато во 2021 година, светско сребро (2019) и европско злато (2018) на отворено. Минатата година на континенталниот шампионат во сала исто така се закити со титулата шампион.
Armand Duplantis oborio svetski rekord u Beogradu!
— B92 Sport (@b92sport) March 7, 2022
U trećem pokušaju preskočio je visinu od 6,19 metara! 🏆🥇 pic.twitter.com/6q0zI0Dp8A