Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Саутгејт после високата победа: Не ми се допаѓа како играме!

Саутгејт после високата победа: Не ми се допаѓа како играме!

Репрезентацијата на Англија денес ја декласираше Панама со 6:1, но селекторот Герет Саутгејт ги изненади сите со изјавата после мечот.

„Како целина не ми се допадна нашето претставување денес. Не ми се допадна почетокот и како дозволивме да примиме гол, но одредени делови од мечот беа навистина добри“, изјави Саутгејт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Знам дека сим многу критичен, но мислам дека многу брзавме на почетокот. При резултат 5:0 зборувавме да постигнеме уште еден гол за да бидеме на прво место во групата, па затоа примениот гол е разочарувачки“, додаде селекторот на Англија.

Англија и Белгија имаат по 6 бода после две одиграни кола, па меѓусебниот дуел ќе одреди кој ќе биде победник во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Перез ги договори условите: Ќе падне важен потпис во Мадрид до 2030 година

Брахим Дијаз ќе потпише и официјално нов договор со Реал Мадрид. Иако не е редовен стартер…