Дома Топ вести Саудијците го купуваат осумкратниот француски шампион и го крадат клучниот човек на ПСЖ?!

Саудијците го купуваат осумкратниот француски шампион и го крадат клучниот човек на ПСЖ?!

Во францускиот фудбал одекна вест дека фудбалскиот клуб Монако ќе добие нови сопственици и тоа од Саудиска Арабија.

Осумкратниот шампион на Франција веќе неколку месеци е на продажба, а во последните денови се интезевирале преговорите со саудиските инвеститори и одредени детали веќе се објавени во јавноста.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Реномираниот „Л’Екип“ oбјави дека се е договорено и на чело на целиот проект треба да биде Луис Кампос. Тоа е вистински шок за ПСЖ бидејќи Кампос е еден од клучните луѓе во раководството на клубот.

Искусниот 59-годишен Португалец во Монако би требало да биде именуван за претседател на клубот и да добие одврзани раце за клубот од Кнежеството да го врати во врвот на европскиот фудбал.

„Л’Екип“ најави дека ПСЖ ќе бара објаснување за ваквите наводи од Саудијците, а состанокот наскоро ќе биде одржан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја „краде“ најголемата желба на Милан

Како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Италија, Манчестер Јунајтед е блиску …