Дома Фудбал Италија Сари: Треба да се заблагодариме на мајката на Роналдо

Сари: Треба да се заблагодариме на мајката на Роналдо

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари не штедеше пофални зборови на сметка на Кристиано Роналдо откако неговиот тим се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија.

Јувентус ја победи Рома со 3:1 и така обезбеди полуфинале.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Роналдо го постигна првиот гол на натпреварот. Тоа беше 13. гол за Роналдо во последните 10 натпревари. Воедно, седми кој го постигна во 2020 година.

„Игра во неверојатна форма, констатно постигнува голови. На лично ниво не гледам каде може да напредува. Можеби во одбраната во одредени моменти. Но, немам што да му замерам. Можеме само да и се заблагодариме на неговата мајка што го родила таков“, изјави Сари.

Португалскиот фудбалер го постигна првиот гол во купот на Италија што значи дека во листата на стрелци се запишал во 15 различни натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи има потреба од 60 милиони за да ги регистрира новите засилувања

Челзи има потреба од 60 милиони фунти од продажби, за да може да ги регистрира новите заси…