Дома Фудбал Лига на шампиони Сари во проблеми пред дуелот со Лион

Сари во проблеми пред дуелот со Лион

Јувентус денеска на свој терен го пречекува Лион во рамките на реванш натпреварот од осминафиналето во ЛШ.

Старата дама во првиот натпревар беше поразена со 1:0 и сигурно играчите на овој тим денеска ќе бидат под притисок. Од Јувентус се очекува конечно да ја освои ЛШ, но и Лион нема така лесно да се откаже од четвртфинале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играчите на Јуве синоќа го одработија последниот тренинг пред денешниот натпревар, а во центарот на вниманието беше Дибала кој има одредени проблеми со повреда и се чини дека денеска нема да заигра од првата минута.

Италијанските медиуми пишуваат дека Дибала ќе остане на клупата, а на негово место во нападот ќе игра Игуаин. Исто така, на изненадување од првата минута може да заигра и Квардадо на местото на Бернадески.

Веројатниот состав на Јувентус: Шчезни, Данило, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Бентакур, Рабио, Пјаниќ, Квардадо, Роналдо, Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓулер се посрамоти за сите времиња: Судијата свиреше крај, а навивач сними што направи Турчинот (Видео)

Арда Гулер стана мета на исмејување од навивачите на Барселона поради она што се случи ког…