До пред неколку години Самуел Умтити важеше за еден од најдобрите дефанзивци во Европа и со одличните настапи за Лион обезбеди трансфер во Барселона.
Во тој период беше еден од најважните играчи во одбраната на Франција на Европското првенство во 2016 година кога оваа селекција беше поразена од Португалија. Сепак, две години подоцна се радуваше на светската титула во Русија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, потоа дојдоа честите повреди кои му направија проблеми во кариерата. Во Барселона е сметан за „вишок“ веќе две години, но клубот никако не успева да се ослободи од него.
Според последните информации Умтити сега е блиску да го засили повратникот во Серија А, екипата на Лече. Клубот од југот на Италија се врати во италијанската елита и сака да има респектабилен тим за новата сезона.