Maкедонската фудбалска репрезентација не успеа да слави победа и одигра само 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови.
Од самиот почетокот не тргнавме добро и домаќините поведоа со голот од пенал на дефанзивецот Давидсен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имавме голема прилика преку Чурлинов да израмниме во 19. минута кога го помина и противничкиот голман, но беше изблокиран од противничките дефанзивци.
На пауза домашната селекција замина со предност. До израмнување стигнавме на стартот од вториот дел кога сега ние добивме пенал, а во гол го претвори Барди.
До крјот бевме подобра селекција на теренот, создавоме неколку одлични прилики, а најголемата ја пропушти Ќамили.
За три дена Македонија ја чека натпреварот од второто коло во кое на домашен терен ќе се соочиме со Ерменија.