Поради пандемијата со коронавирусот Барселона се наоѓа во голема финансиска криза и во долгови кои изнесуваат дури 450 милиони евра.
Каталонскиот клуб е и тоа како погоден од финансиската криза која ја направи коронавирусот и на големо го почувствуваа прекинот на лигата. Шпанските медиуми пишуваат дека долгот изнесува дури 450 милиони евра и дека ги очекува тежок период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ утрово објави дека само еден играч понудил финансиска помош. Тоа е Жерар Пике. Пике и претходно финансиски му помогна на клубот затоа што беше најзаслужен што компанијата „Ракутен“ го продолжи договорот како главен спонзор на Барселона.
И овој пат Пике ја понудил својата помош, тој е спремен со свои пари да покрие дел од долговите, но главната работа е Барселона да доведе нови спонзори и инвеститори.
Пике и на тоа веќе работи и според информациите се очекува до крајот на годината во клубот да бидат вложени околу 100 милиони евра само благодарние на него.