Дома Фудбал Англија Салах призна: Ја сакам „Златната копачка“, соиграчите ми помагаат!

Салах призна: Ја сакам „Златната копачка“, соиграчите ми помагаат!

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах изрази надеж дека ќе успее да ја задржи предноста пред Хари Кејн за наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата оваа сезона.

25-годишниот Салак има 30 погодоци во 32 натпревари во Премиер лигата, додека Кејн е со четири гола помалку на четири кола до крајот на првенството.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Соиграчите се обидуваат да ми помогнат во постигнувањето на голови, бидејќи знаат дека се обидувам да ја освојам „Златната копачка“. Тоа е индивидуална награда, но со постигнувањето на голови јас му помагам на тимот да освојува бодови“, изјави Салах.

Салах сака да ги искористи преостанатите четири средби во Премиер лигата и можните три во Лигата на шампионите за да го надмине рекордот на легендата на „црвените“ Јан Раш, кој во сезоната 1983-84 постигна 47 голови на 65 натпревари.

„Има голема шанса да го соборам тој рекорд, да се биде број еден во клуб како Ливерпул тоа е нешто големо. Ќе бидам среќен ако го сторам тоа. Притоа, сакам да го срушам и рекордот во Премиер лигата, а за тоа ми е потребен само уште еден гол“, заклучи Египќанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Онанa има големо срце: Голманот на Јунајтед им помага на луѓето низ Африка, а сега е награден за неговата хуманитарна работа

Камерунскиот голман на Манчестер Јунајтед, Андре Онана е добитник на овогодинешната наград…