Талентираниот фудбалер на Црвена Звезда, Андрија Максимовиќ пред натпреварот на „црвено-белите“ против Барселона самоуверено порача дека во натпреварот ќе докаже дека е подобар од Ламин Јамал, но на теренот ситуацијата беше далеку од неговите желби.
Имено, Максимовиќ со оценка 5.9 беше помеѓу најслабо оценетите фудбалери на белградскиот тим. Полоши оценки од Максимовиќ имаа само голманот Илиќ со 5.8 и дефанзивецот Дјига 5.7.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На теренот Максимовиќ скоро и ништо да не покажа и ќе чека некоја друга прилика за да се докажува на големата сцена.
„Се сретнавме на Европското првенство. Одличен фудбалер, тука е и Кубрси. Тие се моја генерација, утре ќе излезам и ќе покажам дека сум подобар од него (Јамал)“, гласеше изјавата на Максимовиќ пред натпреварот која предизика реакции во јавноста.