Раководството на Челзи е спремно следното лето да го пушти својот најдобар фудбалер Еден Азар во Реал Мадрид, пренесуваат англиските медиуми.
Како што пренесува британски „Телеграф“, Челзи се согласил да го продаде Белгиецот и тоа за цена од 100 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
28-годишниот Азар одби да го продолжи договорот и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Челзи едноставно е ставен пред „свршен чин“.
Азар веќе подолго време е желба на Реал Мадрид, кој нема да има проблем да ги плати бараните 100 милиони фунти за неговиот потпис.
Истата ситуација ова лето се случи и со Тибо Куртоа, кога Челзи мораше да ја прифати понудата на „кралевите“ за да не го изгуби голманот без обештетување.