Вчера во јавноста се појави веста дека ЕХФ може да го исклучу Вардар поради неисплатени долгови, за тоа зборуваше и претседателот Михајловски.
Денес Ракометната федерација на Македонија испрати писмо до ЕХФ во кое бара на Вардар да му се дозволи учество во елитното натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вардар е бренд не само во Македонија туку и на Балканот и Европа. Има голема база на навивачи и голема важност во развојот на ракометот во Македонија. Двократен освојувач на Лигата на шампионите и со самото тоа е главен виновник што голем број млади се одлучија за овој спорт. Се плашиме дека оваа одлука за исклучување на Вардар може да влијае негативно на сликата за ракометот генерално не само во Македонија туку и на целиот Балкански полуостров“, пишува во писмото од РФМ.
Во наредните денови се очекува да биде донесена конечната одлука, а евентуалното неиграње во ЛШ секако дека може да биде голем удар за црвено-црните.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961