Во таборот на Баерн Минхен не го кријат големото разочарување после дебаклот кој го доживеаа синоќа во Париз.
Баварскиот гигант синоќа беше декласиран од Пари Сент Жермен во Лигата на шампиони со 3:0, па Карло Анчелоти полека ја губи поддршката од раководсвото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге јавно изјави дека некој мора да одговара за тоа што се случи.
„Мораме да го анализираме поразот и да разбереме зошто ни се случи ова. Едно е јасно, некој мора да одговара. Ова во Париз не беше Баерн, мораме што побрзо да се разбудиме и да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави Румениге.
Баерн не игра добро ни во германското првенство, па после шест одиграни кола се наоѓа на третата позиција на табелата.