Дома Фудбал Германија Румениге: Левандовски сигурно останува, сакате ли да се кладиме?

Румениге: Левандовски сигурно останува, сакате ли да се кладиме?

Извршниот директор на Баерн Минхен, Румениге порача во изјава за Kicker дека Роберт Левандовски и наредната сезона ќе биде член на баварскиот клуб.

Се погласни се шпекулациите дека Лева на лето ќе ја промени средината, но Румениге и друштвото од врвот порачаа дека тоа нема да се случи.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


“Ако сакате да се обложувате, нема проблем. Левандовски дефинитивно ќе игра за Баерн Минхен следната сезона “, рече Румениге, додавајќи:

“Тој е од огромна важност на нашиот тим. Левандовски е веројатно најдобрата деветка која постои во Европа”.

Роберт Левандовски одигра 37 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна 32 гола, од кои 23 во Бундеслигата, што е убедливо најдобриот стрелец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ериксен останува во англискиот фудбал – Неговиот избор на нов клуб е навистина интересен

Кристијан Ериксен ја започна својата сениорска кариера во редовите на Ајакс, каде како мно…