Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге објасни што се случува со најголемата трансфер цел на клубот, Лерој Сане.
Баерн Минхен најави голем трансфер ова лето, но Баварците во последно време не се активни на трансфер пазарот, па Румениге ја појасни ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Трансфер пазарот се затвора на 2-ри септемви. Спремни сме да донесеме топ-фудбалер. Но до овој момент се нема случено трансфер кој ќе предизвика домино ефект и да го раздвижи целиот пазар“, истакна Румениге.
„Ситуацијата кај Лерој е таква што тој се враќа оваа недела од одмор. Тој не сакаше да води разговори пред тоа, не сакаше да размислува за својата иднина. На сите им е јасно дека ние бараме крило, подготвени сме. Дали работите ќе излезат според планот, треба да почекаме, додаде легендата на германскиот фудбал.
Пред неколку дена најтиражниот европски весник „Билд“ излезе со материјал дека Сане не сака да премине во Минхен, бидејќи бил игнориран од Баварците во времето кога го носеше дресот на Шалке.
„Баерн е добра дестинација за играчите, бидејќи имаме прекрасен град, прекрасен стадион. Но трансфер сумите денес се различни“.
Bayern Munich expect Germany winger Leroy Sané to decide next week whether he wants to join them from Manchester City. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/7IzkFICAlm
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 9, 2019