Тоа што се очекуваше од синоќа денес доби и официјална потврда – Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Баерн Минхен.
Баерн лошо ја започна сезоната во Бундес лигата, а синоќешниот дебакл против Пари Сент Жермен само ја прели чашата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извршниот директор Карл Хајнц Румениге денес изјави дека раководството морало да донесе таква одлука за доброто на клубот и се надева на позитивна реакција на фудбалерите.
„Играта и резултатите на тимот од почетокот на сезоната не ги оправдаа нашите очекувања. Натпреварот во Париз е само доказ за тоа, па моравме да донесеме одредени одлуки. Јас и Анчелоти имавме отворен разговор синоќа после мечот и донесовме одлука за доброто на клубот“, истакна Румениге.
„Му се заблагодарувам на Карло на соработката и жалам што вака испадна. Анчелоти е мој пријател и така ќе остане, но ова беше одлука за доброто на Баерн“, заклучи Рунемиге.
Анчелоти минатата година седна на кормилото на Баерн и со Баварците ја освои Премиер лигата и два трофеи во Суперкупот на Германија.