Дома Фудбал Останато „Рудигер се плашеше од повреда, затоа не го спречи голот на Бензема“

„Рудигер се плашеше од повреда, затоа не го спречи голот на Бензема“

Искусниот француски напаѓач, Карим Бензема (34) одигра фантастичен натпревар во средата и со хет-трик донесе победа за Реал Мадрид против Челзи од 3:1.

Најлесен гол кој го постигна Бензема беше третиот кога Менди катастрофално реагираше, а потоа стоперот Рудигер беше несигурен и на Французинот кој игра во врвна форма не му беше тешко да погоди на празен гол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рудигер сега се соочува со критики. Имено, впечатокот е дека Германецот премногу меко интервенираше. Поранешниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор е убеден дека Рудигер реагирал на овој начин за да избегне повреда која би можела да го упропасти неговиот трансфер на лето.

На крајот на сезоната Рудигер ќе стане слободен играч и се очекува да го напушти „Стенфорд Бриџ“, за неговиот потпис се борат гиганти како Барселона, Баерн, Јувентус и Реал Мадрид.

„Знам дека пасот на Менди беше лош, но Рудигер се плашеше да интервенира и да го спречи голот за да не се повреди. Кога е веќе спремен ваш трансфер, сигурно не сакате да се повредите и се да расипете“, изјави Агбонлахор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…