Дома Фудбал Останато „Ова не е фудбалот кој го сакавме, се наликува на компјутерска игра“

„Ова не е фудбалот кој го сакавме, се наликува на компјутерска игра“

Meнаџерот на Селтик, Брендан Роџерс е разочаран од правецот во кој оди модерниот фудбал.

Изјавата на поранешниот менаџер на Лестер и Ливерпул следуваше по натпреварот во Лигата на шампионите во кој неговиот Селтик беше поразен од Атлетико Мадрид со 6:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Фудбалот се повеќе почнува да личи на компјутерска игра. Се се проценува на екран. Тоа не е фудбал. Тоа не е играта која ја познававме и сакавме.

Разговарам повремено со луѓето во Англија кои работат во Чемпионшип каде што нема ВАР и прилично уживаат. Свесни дека повремено има грешки, но течноста и флуидноста на играта се она што е многу позабавно од констатното гледање на екранот“, истакна Роџерс.

Нема дилеми дека ВАР треба да се укине.

„Ако мене ме праувате, веднаш би го укинал ВАР и би го вратил „чистиот фудбал“. Знам дека имаше грешки, но повеќе би ги прифатил тие грешки отколку ова што денмес го гледаме“, изјави искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе ги спречи соиграчите да направат шпалир за Барселона по Суперкупот

Во извонредното финале на шпанскиот Супер Куп, Барселона триумфираше над Реал Мадрид со 3:…