Дома Фудбал Англија Рој Кин повторно „распали“ по Јунајтед и Мурињо

Рој Кин повторно „распали“ по Јунајтед и Мурињо

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ја критикуваше состојбата во клубот и упати силни критики кон менаџерот Жозе Мурињо.

Кин, кој со Јунајтед освои 17 трофеи, вклучувајќи седум титули во Премиер лигата и една во ЛШ, истакна дека играчите и менаџерот го срамат клубот во лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во последните шест месеци, секогаш бараше безброј изговори. Јунајтед не смее да се повлече пред вакви предизвици. Менаџерот и играчите треба да се засрамат што се шести на табелата и имаат 19 бода помалку од првопласираниот Челзи“, изјави Кин.

Ирецот додаде дека управата не завршила добра работа во предсезоната.

„Не постои причина зошто не би можеле да ја освојат Лигата на Европа. За клуб како што е Манчестер Јунајтед се очекува да го освои Лига Купот и Лигата на Европа, особено кога ќе видите кои клубови учествуваат во овие натпреварувања. Срамота е тоа што во Премиер лигата се толку далеку од врвот. Играчите и целиот тим кој е составен едноставно не е добар“, додаде поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…