Дома Фудбал Италија „Росонерите“ се собраа на првиот тренинг (фото)

„Росонерите“ се собраа на првиот тренинг (фото)

Милан денес ја започна новата ера под водство на тренерот Марко Џампаоло.

„Росонерите“ утрово се собраа во тренинг центарот „Миланело“ и го одработија првиот тренинг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поради обврските со репрезентациите повеќе слободни денови добија Лукас Пакета, Патрик Кутроне и Лаксалт, како и Кеси кој се уште настапува на Африканскиот куп на нации.

Првио тренинг го одработија и новите засилувања, Тео Хернандез и Раде Круниќ, а во наредните денови се очекува да пристигне и алжирскиот репрезентативец Бенасер.

Во првиот тим на Милан е повикан за прв пат и синот на Паоло Малдини, Даниел, кој ќе патува со тимот на американската турнеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…