Дома Топ вести Роналдо уште во април јасно си кажа: Јувентус е клубот на моето детство

Роналдо уште во април јасно си кажа: Јувентус е клубот на моето детство

ronaldo

Целиот фудбалски свет е во исчекување на нови информации за еден од најголемите трансфери во историјата, Кристиано Роналдо е пред трансфер во редовите на Јувентус и тоа е веќе добро познато.

Последните информации говорат дека Реал Мадрид ќе ја прифати понудата од 100 милиони евра, а Роналдо со Јувентус ќе потпише договор на четири години и би заработувал 30 милиони евра по сезона.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Роналдо уште по финалето во Лигата на шампионите најави дека ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид, но многумина се прашуваат зошто го избрал токму Јувентус.

Одговорот на ова прашање можеби „лежи“ во интервјуто на Роналдо по меѓусебниот дуел на овие два тима во Лигата на шампионите изминатата сезона.
Роналдо во првиот натпревар против Јувентус постигна фантастичен гол за паметење, а по натпреварот ја даде следната изјава.

„Овој момент беше еден од најубавите во целата моја кариера. На стадионот на Јувентус се појавиле многу големи фудбалери, а кога такви фанови ќе станат и ќе ви аплаудираат значи дека сте направиле нешто неверојатно. Навистина сум среќен, Јувентус е клуб кој секогаш сум го сакал, тоа е клубот од моето детство. Кога тука ќе добиете такви аплаузи, сигурно ќе ги паметите засекогаш . Ви благодарам“, гласеше изјавата на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид како замена за Карвахал сака играч на Манчестер Јунајтед?

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Диог…