Португалецот сака да го засили својот „клан“.
Кристиано Роналдо повторно одлучи да се вмеша во трансфер политиката на Флорентино Перез, а сега има нова желба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во последно време се поврзува со Мауро Икарди, меѓутоа на Роналдо не му се допаѓа Аргентинецот и сака во Мадрид да го види Андре Силва кој не е во прв план во Милано.
Андре Силва минатото лето пристигна во Милано од Порто како големо засилување за сума од 38 милиони евра, но сепак Португалецот не ја оправда вложената сума.
Постигна седум погодоци на 18 натпревари во сите натпреварувања, но ниту еден во Серија А, па не е ниту чудо што е резерва кај Гатузо.
Роналдо смета дека Андре Силва има потенцијал да го засили нападот на „кралевите“ и дека може да го оправда прекарот кој го доби во времето додека го носеше дресот на Порто, „новиот Роналдо“.
Силва во дресот на Порто одигра 58 натпревари и постигна 24 погодоци во сите натпреварувања.