Дома Фудбал Репрезентации Роналдо со победата против Македонија и пласманот во Катар влезе во одбрано друштво

Роналдо со победата против Македонија и пласманот во Катар влезе во одбрано друштво

Кристијано Роналдо заедно со Португалија ќе игра на Мундијалот во Катар, откако вчера беше подобар од Македонија во Порто со 2-0.

Еден од најдобрите натпревари во мечот беше Роналдо, иако не постигна гол, но сепак успеа да стигне до голем успех и да се запише во историјата. Одличниот Португалец ќе заигра на петтиот Мундијал во кариерата, и тоа по ред, а со вакво остварување не може да се пофалат многу фудбалери.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај Роналдо по петти пат на Мундијалот ќе игра Лионел Меси од Аргентина, а претходно такво нешто им успеа на Антонио Кабрахал, Рафа Маркез, Лотар Матеус и Џанлуиџи Буфон.

Роналдо го одигра првото Свертско првенство во 2006 година во Германија, по што играше во Јужна Африка, Бразил и Русија, а сега ќе заигра и во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челси ја продава младата надеж во Саудиска Арабија: Ќе заработи 68 милиони евра?

Во повеќето европски лиги летниот трансфер период веќе заврши, но на Блискиот Исток продол…