Роналдо уште еднаш го воодушеви светот со својата брилјантна партија во Торино, па повторно се разгореа шпекулациите за неговата иднина.
Претседателот Флорентино Перез спрема неколку значајни промени во тимот на крајот на сезоната, но главна цел е останување на Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“, но за да биде целосно среќен и задоволен, Перез мора да му понуди нов договор.
Според пишувањето на шпанските медиуми Роналдо сака да биде платен исто како и Лео Меси, кој со новиот договор неделно заработува 500.000 евра. Притоа, Португалецот дал предлог до раководството да се обиде да го донесе Мохамед Салах, кој оваа сезона игра неверојатно.
Меѓутоа, тоа не е се. „Диарио Гол“ пренесува дека Роналдо инсистирал до раководството Марко Асенсио да има поголема минутажа, бидејќи е убеден дека тој за неколку години ќе биде лидер на новиот Реал Мадрид.