Дома Фудбал Италија РОНАЛДО ПРАВИ ЧУДА: Акциите на Јувентус достигнаа рекордна вредност

РОНАЛДО ПРАВИ ЧУДА: Акциите на Јувентус достигнаа рекордна вредност

Вредноста на акциите на Јувентус започнаа драстично да растат од кога во клубот пристигна Кристиано Роналдо.

Освен што е огромно засилување за екипата на „Старата дама“, Роналдо ја засили и маркетинг силата на Јувентус, па логично и дека вредноста на акциите на Јуве вртоглаво расте од неговото доаѓање. Акциите на Јувентус денеска достигнаа нова рекордна вредност. Имено, вреднсота на акциите на „Старата дама“ од вчера се зголемија за 3,55%, па сега изнесуваат 1,343 евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Доаѓањето на Роналдо овозможи цената на акциите на Јувентус да престигне до сега рекордна сума од 1.3247 евра, колку што акциите на „Старата дама“ вредеа во јануари далечната 2002. година. Акциите на Јувентус на почетокот на јуни беа во вредност од 0.6190 евра, па јасно е дека трансферот на Роналдо од Реал во Јуве ова лето влијаеше на растот на нивната вредност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот репрезентативец на Англија го „пецна“ Роналдо: Кога легне да спие помисли „ Би сакал да бидам добар како Меси“

Џо Кол, поранешен англиски репрезентативец, изјави дека ривалството со Лионел Меси одиграл…