Се прошири дел од целата приказна врзана за Роналдо, а дел од истата и сам раскажа и тоа на суд.
„Вакви проблеми никогаш не сум имал во Англија, затоа и сакам да заминам од Шпанија“, истакна Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред тоа го изрази своето уверување дека се наоѓа во обвинителна клупа бидејќи е Роналдо, а судијата на тоа му одговори дека и анонимни луѓе седеле на истото место поради истото обвинение.
Радиото „Кадена Сер“ тврди дека Роналдо сака да замине во Манчестер Јунајтед, но дека втората страна, пред се Мурињо не била ентузијастична кога е во прашање спогодба. Пред се имаа проблеми со тимот, не е баш дека Португалецот го игнорираше својотсонародник, но не беше ниту воодушевен со фактот повторно да соработуваат заедно.
Поради тоа Мендеш на кој уште оддамна му здодеа да ги „пегла“ односите помеѓу своите двајца најпознати клиент, го убеди Роналдо да остане барем уште оваа сезона во Реал.
Со тоа не би ја ризикувал шансата за „Златната топка“ според мислењето на Мендеш, а и самиот Роналдо, иако е тешко да се поверува дека би се променило ништо иако би заминал.
Дали следното лето е шансата, тоа веќе преминува во шпекулација. „Кадена Сер“ смета дека таквите работи зависат од Бејл кој ако остане во тимот ќе има последна шанса да се докаже дека може да биде предводник на тимот, во спротивно, најверојатно Велшанецот ќе замине, а Перез тогаш ниту во сон нема да сака да се откаже од Роналдо.