Дома Фудбал Италија Роналдо позираше со соиграчите, но сите гледаа во неговата капа

Роналдо позираше со соиграчите, но сите гледаа во неговата капа

Фудбалерите на Јувентус после репрезентативната пауза конечно се вратија на терен и денеска ќе ги одмерат силите со СПАЛ, во натпревар од 13. коло во Серија А.

Старата дама пред своите навивачи ќе го пречека СПАЛ и јасно е дека гостите тешко дека ќе го избегнат поразот. Алегри може да смета на скоро сите играчи, додека единствено под знак прашалник е Пјаниќ кој заработи лесна повреда на натпреварот со Австрија.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Сепак, Пјаниќ вчера го одработи тренингот со екипата и се очекува да биде во конкуренција за денешниот натпревар. Интересна фотографија после тренингот на Инстаграм објави Роналдо, од кој денеска најмногу се очекува.

На фотографијата во центарот на вниманието беше капата на Португалецот кој ја носеше. Не требаше долго Роналдо да стане центар на вниманието на социјалните мрежи поради овој моден детал.

 

View this post on Instagram

 

?????

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити може да ја искористи ситуацијата на Донарума во ПСЖ

Од Манчестер Сити веќе воспоставиле контакт со Пари Сен Жермен за можноста за привлекување…