Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристиано Роналдо повторно побара од селекторот на португалската репрезентација да го изостави од списокот.
Откако ги пропушти дуелите во Лига на нации во септември, Роналдо повторно од селекторот Фернандо Сантош побара да го поштеди од репрезентативните обврски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа значи дека ѕвездата на Јуве нема да биде во составот за дуелите против Полска, Италија, Шкотска кои Португалија ќе ги игра овој и следниот месец.
За потсетување, тие прво ќе играт против Полска во Лигата на нациите, па против Шкотска во пријателски меч, па во следниот меч повторно на терен против Полса и против Италија.
Со оглед на тоа дека нема да игра во споменатите дуели тоа значи дека оваа календарска година Роналдо заврши со Португалија.