Дома Фудбал Италија Роналдо од карантин испрати важна порака: Играјте за светот!

Роналдо од карантин испрати важна порака: Играјте за светот!

Кристиано Роналдо моментално се наоѓа во изолација во својата родна Мадеира.

Роналдо е во изолација во Португалија откако неговиот соиграч Ругани беше позитивен на коронавирус и се уште не е познато кога ќе се врати во Италија.

Португалецот денес преку социјалните мрежи испрати важна порака во борбата за коронавирусот.

„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони луѓе ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за целиот свет“, порача Роналдо преку Инстаграм.

Роналдо е највлијателниот спортист на социјалните мрежи, па неговата порака веќе ја видоа неколку милиони луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за бразилскиот талент Консеисао

Челси и Манчестер Јунајтед внимателно го следат развојот на младиот бразилец Едуардо Консе…