Aнглиските медиуми на големо пренесуваат дека Кристијано Роналдо побарал да му биде дозволен трансфер ова лето.
Португалецот е подготвен да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ само една година по враќањето, а наводно пресудно е неиграњето на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо има уште една година од договорот, а новиот менаџер Ерик тен Хаг му објаснил дека е клучен играч во неговиот тим за претстојната сезона и очекува да остане.
Меѓутоа, Роналдо е одлучен во намерата, па Јунајтед веќе почна да бара замена, а прва желба е Ентони од Ајакс.
22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.
Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започна преговори со Ајакс.
Според информациите од Островот двата клуба се блиску до трансфер тежок 50 милиони фунти.
🚨 Manchester United manager Erik ten Hag will urge the club to replace Cristiano Ronaldo with Ajax's Antony if Ronaldo leaves.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 3, 2022
(Source: @MullockSMirror) pic.twitter.com/ZMiLFVMOeR