Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо никогаш не бил повеќе бесен, војна со УЕФА, кој ќе ги плати скапо солзите?

Роналдо никогаш не бил повеќе бесен, војна со УЕФА, кој ќе ги плати скапо солзите?

ronaldo

Ситуацијата не се смирува, се е во рацете на дисциплинската комисија, Португалецот е бесен како никогаш претходно…

Кристиано Роналдо заврши во солзи, повторувајќи дека ништо не направи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова е негово 11-то исклучување во кариерата, прво во Лигата на шампионите, не е познат како насилен играч, иако знаел да реагира на некоја провокација, во ситуации кога заслужил црвен се извлекол само со жолт, но впечаток е дека вчера ситуацијата беше спротивна.

Фелкис Брих после асистенција од помошникот го исклучи Роналдо, поради наводно повлекување за косо на Мурлио. На снимката се гледа дека тоа му е намерата, поточно да го натера стоперот да стане.

„Скапо ќе ги платите овие солзи“, напиша сестрата на Катја Авеиро, а блискиот пријател на Роналдо, шпанскиот новинар Еду Агире тврди дека никогаш не го видел Роналдо толку бесен.

„Само кажа дека чуствува страшна немоќ на ваквата неправда каква што досега никогаш немаше доживеано“, изјави Агире.

„Ништо не направив“, повторуваше Роналдо во солзи на „Местаља“ кога виде дека е исклучен, при излегувањето од теренот го тешеше Павел Недвед кој на полувремето во тунелот му соопштил на Брих дека е згрозен од неговите одлуки.

Ќе потсетиме Феликс Брих е судијата кој одби да погледне ВАР со што крена голема прашина на Мундијалот во натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија.

Вчера ја немаше ситуацијата под контрола, после црвениот картон досуди два сомнителни пенали еден за Јувентус еден за Валенсија, едноставно него вчера не му беше местото на „Местаља“.

Многумина можеби овој црвен картон ќе го сметаат за одмазда на УЕФА затоа што Роналдо не се појави на доделувањето на наградите за најдобрите за изминатата сезона.

Она што сега е во рацете на Европската куќа на фудбалот е казна, таа нормално е два натпревари, што би значело дека Роналдо го пропушта гостувањето на „Олд Трафорд“, но би можела да биде и три ако УЕФА додаде насилничко однесување.

Јувентус ќе се жали, ќе бара прегледување на снимката во тој случај ако жалбата биде усвоена би го пропуштил само натпреварот со Јанг Бојс.

Се на се ова изгледа е само уште една ситуација која најдобро покажува колку на Лигата на шампионите и е потребен ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…