Кристиано Роналдо нема да се врати во Торино и ќе остане во родната Мадеира во наредниот период.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалскиот фудбалер реши да остане дома затоа што не сака да го загрози неговото здравје, како и здравјето на неговото семејство.
Португалскиот напаѓач замина дома за да ја посети својата мајка по победата на Јувентус со 2:0 над Интер, а потоа беше објавено дека неговиот соиграч Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус.
Сега целиот тим на Јувентус е во карантин, а Роналдо реши да остане во Мадеира во самоизолација.
„Кристиано не тренираше и останува во Мадеира чекајќи развој на настаните. Остануа да се види како ќе се одвиваат настаните, пред било што да преземеме за негово враќање во Торино“, потврдија од клубот.