Летото 2018 година Јувентус го доведе Кристиано Роналдо, па со тоа покрај што го засили тимот, „старата дама“ доби и огромни комерцијални придобивки од Португалецот.
Откако Роналдо слета во Торино, Јувентус веднаш стана клуб кој е многу поинтересен за спонзорите, а и љубителите на фудбалот ширум светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Роналдо ефектот“ и тоа како се почувствува на финансиски план, но тоа не е единствениот аспект на кој влијаеше одличниот Португалец.
Роналдо во текот на целата кариера е познат како играч кој големо внимание и придава на физичката припрема и исхраната. Па така неговиот соиграч Даглас Коста откри дека Португалецот влиајаел на целиот тим да ги поправи своите навики.
„Благодарение на Кристиано сега сите внимаваме што и кога јадеме и сите сме послаби и повитални. Секогаш добро сум се хранел, но сега го правам тоа подобро од било кога. Веќе имам 29 години и го чувствувам тоа“, изјави Даглас Коста.