Саутемптон и Манчестер Јунајтед денес го отворија четврото коло во Премиер лигата, а на крајот оваа средба заврши со минимална победа на „црвените ѓаволи“ (0:1).
Ерик Тен Хаг се одлучи натпреварот да го започне со истите 11-мина од натпреварот со Ливерпул, а тоа значеше дека Кристијано Роналдо и Хари Мегваер повторно останаа на клупата, како и новајлијата Касемиро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првото полувреме не донесе премногу возбудвања, помина без поголеми прилики за гол, па на пауза се замина со 0:0. Единствената голема шанса за гол ја имаше Манчестер Јунајтед во 19. минута кога од четири шанси во пет секунди избраниците на Ерик Тен Хаг не успеаа да ја сместат топката во мрежата (ТУКА).
Не се променија многу работите и во второто полувреме, но една од тие малку шанси на Јунајтед искористи Бруно Фернандеш кој реализираше после нафрлувањето на Далот во 55. минута.
Роналдо и денес доби минутажа од клупата, во игра влезе во 68. минута на местото на Џејдон Санчо. Своето деби во дресот на Манчестер Јунајтед го забележа и Касемиро одигрувајќи ги последните десет минути од натпреварот.
Иако не блескаше Јунајтед сепак стигна до втората победа во низа после триумфот против Ливерпул во минатото коло.