Дома Топ вести Роналдо добил понуда да се врати во Европа – ако ја прифати ќе игра и ЛШ!

Роналдо добил понуда да се врати во Европа – ако ја прифати ќе игра и ЛШ!

Кристијано Роналдо во четвртата деценија од животот игра во Саудиска Арабија каде што му оди одлично и постигнува голови. Претходно неколку пати Португалецот потенцираше дека нема намера да се врати во Европа, но тоа би можело да се промени.

Но, според информациите од Саудиска Арабија, Роналдо бил незадоволен што и покрај инвестициите не успева да освои трофеј. Наводно, сега пред португалскиот ас е понуда од Спортинг, клубот каде што ја започна професионалната кариера.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Спортинг сезонава е пред титула во португалското првенство и има седум бода предност во однос на Бенфика, па така скоро сигурно е дека наредната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите.

За Роналдо тоа би бил нов предизвик бидејќи е познато дека Лигата на шампионите е неговото омилено натпреварување. Сепак, останува да се види како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…