Кристијано Роналдо синоќа го постигна 700. погодок во кариерата.
Роналдо ја затресе мрежата на Украина и така стана шестиот играч кој постигна 700 или повеќе погодоци во кариерата.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тој 95 погодоци постигна во дресот на Португалија, 32 во дресот на Јувентус, 450 во дресот на Реал Мадрид, 118 во дресот на Манчестер Јунајтед и пет погодоци во дресот на Спортинг.
Пред него, 700+ погодоци постигнале Јозеф Бицан (805), Ромарио (772), Пеле (767), Ференц Пушкаш (746) и Герд Милер (735).