Дома Фудбал Роналдо ако не го промени исказот ќе добие 7 години затвор!

Роналдо ако не го промени исказот ќе добие 7 години затвор!

Најдобриот фудбалер на светот и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо треба да донесе голема одлука во следните денови.

Португалецот има 13 дена да признае дека е виновен по обвинението за затајувње на данок, откако пред една недела се изјасни како невин во судот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според шпанските медиуми, доколку Роналдо не го погази егото и ако продолжува да се изјаснува како невин, шпанскиот суд би можел да го осуди на седум години затвор.

Доколку Роналдо признае дека е виновен, пресудната најверојатно ќе биде најмногу до две години, што ќе му овозможи на фудбалерот да ја исплати казната и да го избегне затворот.

На ист таков начин Лео Меси се спаси од решетки, откако беше осуден на 21 месец затвор, но претходно призна дека е виновен.

Според шпанските закони пресуда до 24 месеци затвор може да се компензира со одредена сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ја одби понудата од Галатасарај за Чалханоглу

Интер ја одби понудата од Галатасарај за играчот од средината на теренот Хакан Чалханоглу,…