Фудбалерите на Јувентус во саботата на свој терен ја победија СПАЛ со 2:0 во рамките на шестото коло од италијанската Серија А.
Старата дама дојде до нова победа со головите на Пјаниќ и Роналдо и во добро расположение ќе го дочека големото дерби против Интер кој во моментов е лидер во Серија А. Шанса од првата минута на овој натпревар доби Диабала кој не се наигра во Јувентус во претходните година дена. Но, изгледа дека Сари му верува повеќе од Алегри што сигурно го радува Аргентинецот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Италијанските медиуми во последно време пишуваа дека Диабала не е во најдобри односи со Роналдо, но ова дуо тоа го демантираше. Диабала беше асистент на голот на Роналдо, а Португалецот по натпреварот направи одлична работа. „Gazzeta dello Sport“ објави дека Роналдо по натпреварот му рекол на Диабала дека одиграл одличен натпревар и му се заблагодарил за соработката.
На Аргентинецот тоа сигурно ќе му даде самодоверба, а Роналдо и Диабала би можеле да станат смртоносен тандем на Јувентус доколку вака продолжат.