Дома Фудбал Лига на шампиони Рома ја доби првата честитка и тоа не од било кого, од Јувентус! (ФОТО)

Рома ја доби првата честитка и тоа не од било кого, од Јувентус! (ФОТО)

Фудбалскиот свет вечерва зборува за величествената победа на Рома над фаворизираната Барселона и првиот пласман на Римјаните во полуфиналето на елитното европско натпреварување уште од 1984. година.

По 1:4 во Барселона, Рома пред своите навивачи славеше со 3:0 и оствари историски подвиг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Честитки за Рома пристигнуваат од сите страни, а една која привлече можеби и најмногу внимание пристигна од Јувентус, кого утре го очекува реваншот против Реал Мадрид.

Покрај Рома вечерва, и Јувентус ќе брка три гола заостанување од првиот меч, но разликата е што актуелниот италијански шампион во реваншот ќе гостува во Мадрид.

Во продолжение, можете да ја видите честитката на Јувентус на официјалниот твитер профил.

„Честитки Рома на големата победа и пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите“.

[contact-form][contact-field label=”Име” type=”name” required=”true” /][contact-field label=”Е-пошта” type=”email” required=”true” /][contact-field label=”Веб страница” type=”url” /][contact-field label=”Порака” type=”textarea” /][/contact-form]

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…