Дома Фудбал Италија Рома тргна во потрага: Замената за Алисон пристигнува за рекордно брзо време

Рома тргна во потрага: Замената за Алисон пристигнува за рекордно брзо време

Рома остана без бразилскиот чувар на мрежата Алисон кој вчера замина во Ливерпул каде денеска треба да го комплетира рекордниот трансфер со тимот од Енфилд.

Токму поради тоа Волчицата тргна во потрага за нов чувар на мрежата кој мора да го пристигне што поскоро со оглед на тоа дека претсезонските припреми веќе започнаа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Волчицата има неколку опции, а меѓу нив се Ареолa од ПСЖ, Робин Олсен од Копенхаген и Каспер Шмајхел од Лестер.

Откако пристигна буфон во ПСЖ се отвори можноста Ареола да го напушти клубот, а тоа ќе се обиде да го искористи Волчицата, додека Шмајхел со одличните настапи на СП го привлече вниманието на големите клубови.

Освен нив, италијанските медиуми пренесуваат дека Рома го посакува и резервниот голман на Барселона Јаспер Силесен, кој би ги чинел вртоглави 50 милиони евра, но таа опција е најмалку веројатна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ го избра следниот клуб

Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сери…