Дома Фудбал Италија Рома му одговори на Тоти: Зборува невистинити работи!

Рома му одговори на Тоти: Зборува невистинити работи!

roma toti

Taжна разделба на „Принцот на Рим“ и Рома после 30 години соработка.

Тоти ја напушти Рома каде што пристигна пред 30 години, легендата го напушта клубот после несогласувања со актуелната управа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На прес конференцијата за медиумите Тоти ги откри причините за неговото заминување.

„Во последните осум години, откако Американците влегоа, се обидуваа на секој можен начин да не тргнат нас ’романистите“ настрана. Повеќе не гледав смисла во моето работење во клубот“, .

„Бев тргнат на страна, не се прашував за ништо. Се обидував да помогнам на било кој начин, но тоа беше само губење време. Поради тоа решив да си заминам, иако Рома е мојот втор дом. На фановите им порачувам да продолжат да навиваат за овој клуб. Ова не е мое збогум, туку довидување. Кога ќе дојдат нови сопственици, ако ме побараат ќе се вратам веднаш“, зборуваше Тоти на прес конференцијата.

Сега се огласија и од Рома од каде што порачаат дека Тоти измислувал работи.

„Клубот е разочаран од одлуката на Франческо Тоти да не напушти и да не ја превземе позицијата спортски директор. Му ја понудивме таа улога кога Мончи си замина, чекавме одговор. Бевме спремни да бидеме трпеливи со Франческо и да му помогнеме да оствари транзиција од голем фудбалер до голем менаџер“.

„И додека разбираме колку му е тешко да ја напушти Рома после 30 години, неговата перцепција и гледање на накои работи се апсолутно невистиснити“.

„По повод неговиот коментар дека ќе се врати во клубот ако дојдат нови сопственици се надеваме дека не изрази непримерна желба да дојде до превземање на клубот, тоа тешко би и паднало на Рома која е јавна компанија. Инвеститорите немаат намера да го продадат клубот во иднина“.

„На Франческо му посакуваме среќа во иднина каде и да работи“, стои во соопштението на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…