Дома Фудбал Италија Рома: Кога ни се укажа шанса ни секунда не размислувавме за Жозе

Рома: Кога ни се укажа шанса ни секунда не размислувавме за Жозе

Жозе Мурињо од наредната сезона ќе биде нов тренер на Рома, оваа вест денес ја потврдија од римскиот клуб.

Португалецот се огласи и објасни зошто и објасни како одлучил да ја избере Рома (тука). Спортскиот директор на Рома пак, Тијаго Пинто за „Тутоспорт“ зборуваше за идејата да го ангажираат Мурињо.

„Кога ни се укажа шанса да го доведеме Жозе не чекавме ниту минути. Веднаш ја искористивме приликата и разговаравме со еден од најдобрите тренери на сите времиња. Не импресинираше неговата желба за победа и страста која ја има кон фудбалот. Во кариерата освои толку многу трофеи, но фасицинантно е тоа што не го интересира минатото. Секогаш е фокусиран на идниот трофеј. Има знаење, искуство и знае како се води тимот во сите натпреварувања. Свесни сме колку време, трпение и вистински луѓе се потребни за да изградиме успешен спортски проект. Цврсто сме убедени дека Жозе е совршен избор за нашиот проект“, изјави Пинто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…